Еве на кој начин да се спасите од комарците во лето: 3 проверени трикови кои делуваат!

Точка

08/06/2021

20:40

5.481

Големина на фонт

а а а

Потребни ви се само неколку состојки од кујната и нема да имате проблем со комарците.

Комарците знаат животот да нѝ го претворат во 'пекол'. Колку е потопло, толку се помногубројни, затоа е добро да ги знаете овие трикови.

Станува збор за сосема природни средства, а сите состојки веројатно веќе ги имате.

Миризлива течност која комарците не ја поднесуваат

Направете ја оваа течност, ставете ја во сад, ставете помала свеќа која може да плови и комарците веднаш ќе избегаат.

Потребни состојки:

- 2 лимони

- 2 лимети

- неколку гранчиња рузмарин

- 8 до 10 капки етерично масло од еукалиптус

- малку вода

- пловечка свеќа


Подготовка:

Многу е едноставно. Во помала стаклена чаша исурете ја водата, лимонот, лиметата и рузмаринот. Додадете еукалиптус и на врвот ставете ја пловечката свеќа.

Каранфилче и лимон се спас од овие крвопијци

Преполовете неколку лимони или лимета, па во средина ствете 10-на каранфилчиња. Распоредете го лимонот таму каде што поминувате најмногу време.

Мириси кои проверено ги бркаат комарците

Комарците не сакаат мирис на ловор, босилек, лаванда, жалфија, рузмарин, еукалиптус... И сувиот талог од кафе ќе помогне, едноставно ставете го во метален сад и запалете го. Можете да користите кора од овошје или рузмарин, за да зовриете вода и, на крајот, може да користите и етерични масла.



Спонзорирани линкови

Маркетинг