„Танга-фармерки“ од 600 долари за прошетка? Ирина Шајк во необично модно парче кое не можеме да го замислиме на ниту една друга жена освен на неа

Точка

08/06/2021

16:28

6.623

Големина на фонт

а а а

Несекојдневните модели кои вообичаено ги гледаме на модните писти можат да изгледаат соодветно и забавно и на улица - но само доколку сте рускиот супермодел.

Манекенката Ирина Шајк е една од убавиците која прошетала по пистата на неодамнешната виртуелна ревија на брендот „Mugler“.

Меѓу бројните модели кои ги видовме во рамките на колекцијата за пролет и лето 2021 година се најдоа и несекојдневните „танга-фармерки“ кои на ревијата ги носеше Бела Хадид, а Ирина Шајк сега покажа дека тие можат да се применат и во секојдневната мода.


Додека Бела на ревијата носела сино-бела варијанта, Ирина пред неколку денови во Њујорк во текот на шетањето со својата ќерка била забележана во црно-бел модел од истите фармерки.

Фармерките се дело на дизајнерите и креативниот директор на модната куќа „Mugler“ - Кејси Кадволадер кој користел рециклирана ликра за да постигне ефект со кој секој на улица би се свртел по него и кој на интересен начин ги нагласува облините.


Иако тоа на популарната Русинка не ѝ е потребно, овие фармерки прават нозете да изгледаат подолги, а фигурата едноставно восхитувачка

За нив потребно е да издвоите 600 долари, а Ирина ги искомбинирала со црно асиметрично боди чија цена е 425 долари.

Целиот стајлинг таа го искомбинирала со очила за сонце од италијанскиот бренд „Iliesteva“ со бела чанта од брендот „Burbery“ со сребрено синџирче, а носела и рамни чевли.




Спонзорирани линкови

Маркетинг