"Ова е цената на војната" пишува на насловната страница на најстариот дневен весник во Израел, со фотографии, возраста и приказната на жртвите на возраст меѓу шест месеци и 17 години.
На насловната страна на израелскиот дневен весник "Haaretz" биле објавени фотографии од 67-те палестински деца и тинејџери кои го загубиле животите во последните израелски бомбардирања на Појасот Газа.
"Ова е цената на војната", пишува на насловната страна на "Haaretz", со портрети од убиените.
Тој весник, најстар во Изреал, во соработка со "New York Times", објавил фотографии, возраста и приказната на жртвите на возраст меѓу шест месеци и 17 години.
Вкупно во израелските бомбардирања биле убиени 254 Палестинци, тврди Министерството за здравство во Газа, а четвртина од загинатите е деца.
Haaretz front page today on the 67 children killed in Gaza. “This is the price of war.” But in fact, it’s the price of Israels continued military rule, dispossession, discrimination and violence. pic.twitter.com/8Ap1Ox6Je0
— Mairav Zonszein מרב זונשיין (@MairavZ) May 27, 2021
"Haaretz" приказните за убиените ги објавил помалку од седум дена откако на сила стапило примирје меѓу Палестинците и Израел, во време додека во Израел трае политичка криза поради четвртиот неуспешен обид на премиерот Бенјамин Нетанјаху да формира влада во последните две години.
Палестинците го обвинуваат Израел дека ги поттикнал судирите со блокирање на пристапот на верниците во џамијата Ал Акса за време на Рамазан.
Израел нападите на Газа ги оправдува со правото на одбрана од Хамас.
Израелската војска објавила дека дел од децата загинати во Газа се убиени од лошо насочени ракети од палестинската страна.