Семејството на 33-годишната пациентка, на која ѝ беше изваден миом од матката, го објави отпусното писмо и јавно бара одговорност од лекарите за смртта на жената.
Тие обвинуваат за лекарска грешка кога на Клиниката за дигестивна хирургија откриле дека тенкото црево на четири места ѝ било продупчено и сошиено откако ѝ бил изваден миом од матката.
Дали има лекарска грешка ќе утврдува комисија што ќе ја формира министерот за здравство, Венко Филипче. Тој минатата недела најави дека ако има потреба, ќе се направи и стручен надзор на целиот случај, а денеска извести дека ќе ја формира комисијата.