Тина Тарнер, Џеј Зи и „Kraftwerk“ влегуваат во „Rock and Roll Hall of Fame“

Точка

14/05/2021

21:16

2.646

Големина на фонт

а а а

Пејачката Тина Тарнер, раперот Џеј Зи и групата „Kraftwerk“ влегуваат во храмот на рок музиката, „Rock and Roll Hall of Fame“ (Куќата на славните на рокенролот).

Тарнер која има 81 годинa, влезе во Куќата на славните во 1991 година, но како членка на дуото „Ike & Tina Turner“. Меѓутоа, таа овојпат е одбрана како соло уметник.

Раперот Џеј Зи има освоено 23 Греми награди и е еден од ретките уметници кој поминал неколку епохи на рапот. Во 2021 година, во Куќата на славните ќе влезе и германската група „Kraftwerk“, која се смета за пионер на електронската музика.


Свеченото внесување на новите избрани уметници ќе се одржи на 30-ти октомври во Кливленд, Охајо. Во жирито се повеќе од 1200 лица, постојани членови и професионалци.

Освен Тина Тарнер, по втор пат во храмот на рок музиката влегува и поранешниот гитарист на „Nirvana“ – Дејв Грол, но овојпат со групата „Foo Fighters“. Исто така избрани се и раперот „LL Cool J“, пејачката Керол Кинг и соул пејачот и поет Џил Скот-Херон.

Куќата на славните никогаш не била резервирана само за рок музиката туку е отворена и за други жанрови како соул, блуз, рнб, фолк, кантри и рап.



Спонзорирани линкови

Маркетинг