Советникот на Заев, Александар Обрадовиќ, поставен за директор на ЕЛЕМ Трејд

Точка

14/05/2021

21:00

2.908

Големина на фонт

а а а

Советникот за економски прашања за соработка во кабинетот на премиерот Зоран Заев, Александар Обрадовиќ, од страна на Управниот одбор на АД ЕСМ е назначен за управител на фирмата-ќерка ЕЛЕМ трејд, фирма специјализирана за трговија со струја, објави МКД.

Тој стана македонски државјанин во 2017 и стана советник со плата од 72.000 денари во кабинетот на Заев, откако претходно неговото име беше поврзувано со контроверзни настани во Србија како поранешен директор на компанијата Електропривреда Србија, пишува Фактор.

Обрадовиќ бил разрешен од позицијата директор на Електропривреда на Србија поради хедонизам, луксуз и неодговорно работење, а српските медиуми пишуваат дека не ја осигурал опремата на компанијата чии багери во 2014 година биле уништени во поплавите кај Колубара во басенот за јаглен со што била причинета штета од 300 милиони евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг