Торнадо го погоди епицентарот на коронавирусот

Точка

14/05/2021

21:02

3.977

Големина на фонт

а а а

Голем број на луѓе биле повредени во удар на торнадо во градот Вухан во провинцијата Хубеј, јавува официјалната новинска агенција "Синхуа", повикувајќи се на локалните власти.

Торнадото предизвикало ветар со брзина од 23,9 метри во секунда и го погодило округот Цајдијан во Вухан во 20:39 часот по локално време, кршејќи дрвја и соборувајќи бараки на градилиштата, се наведува во извештајот кој го пренесува "Reuters".

Точниот број на повредени луѓе допрва треба да биде објавен, наведуваат локалните власти за агенцијата "Синхуа".



Спонзорирани линкови

Маркетинг