Генијален трик кој стана хит на ТикТок: За 1 минута се лупат дури 8 компири, а еве што ви е потребно

Точка

14/05/2021

20:22

9.511

Големина на фонт

а а а

Секоја домаќинка има некој свој начин на кој прави одредени работи во кујната, без разлика дали станува збор за миење садови, готвење или припрема на намирници за готвење. Сè што е важно е тоа да биде практично и да заштедува време.

Социјалната мрежа ТикТок стана ризница на корисни совети за домаќинството каде многубројни корисници ги споделуваат своите трикови кои се од голема помош за домот.

Еден од триковите кој стана хит на ТикТок покажува како најбрзо да излупите компири. Видеото го споделил блогерот-готвач Сони Харел, а кога ќе видите за што станува збор, постојано ќе го практикувате овој начин.

Тајната на овој трик е во вилушката – потребно е да го забодете компирот на вилушка, а потоа со брзи движења да ја отстранувате лушпата со лупалка за овошје и зеленчук.

Ваквиот совет го испробале многумина на оваа социјална мрежа, а една корисничка се пофалила дека на овој начин излупила дури 8 компири за 1 минута.



Спонзорирани линкови

Маркетинг