Ја минале границата по повеќе од 50 години! Јорданци и Либанци одат кон Израел да им помогнат на Палестинците, има ранети

Точка

14/05/2021

19:48

5.593

Големина на фонт

а а а

Очите на светот се насочени кон Израел и Палестина и се потензичната ситуација на Блискиот исток.

Ситуацијата на Блискиот исток се разгорува, па така Јорданците во голем број ја минуваат границата и тргнуваат на палестинска територија, а од насока на Либан групи на луѓе влегуваат во Израел. Голем број на Арапи се собираат во знак на поддршка на Палестинците.

Како што пренесува "Jerusalem Post", десетина луѓе носеле палестински и либански знамиња, како и знамиња на Хезболах. Јорданците ја пресекле оградата и влегле во Палестина, за да му пружат поддршка на тамошниот народ, бидејќи Израел го сметаат за непријател. Тоа е прв пат ова да се случи од 1967-ма година.

Како што се наведува на социјалните мрежи, "тие сакаат да ја сочуваат честа и светоста на џамијата Ал Акса". На некои снимки може да се видат групи луѓе како трчаат кон границата. Исто така, денеска избиле судири меѓу израелските и палестинските сили на Западниот брег. Одржани се демонстрации, во знак на поддршка на Хамас, а според наводите на медиумите, убиени се најмалку шест Палестинци, објавува "IDF".

"IDF" соопштил дека еден Палестинец бил убиен откако се обидел да забоде израелски војник во близина на Рамала. Насилствата се прошириле во градовите во кои живеат и Арапи и Евреи. Околу 5.000 луѓе протестирале на Западниот брег, а биле фрлани молотови коктели ви близина на градот Џенин во Палестина.

Кога една група луѓе од Либан влегла на израелска територија, подметнале пожар. Израелската војска испукала две гранати во осомничените кои потоа се вратиле на либанска територија. Еден од Либанците бил застрелан во нога.



Спонзорирани линкови

Маркетинг