Пред 40 години глумеше во култната серија „Династија“, а еве како денес изгледа познатата Џоан Колинс

Точка

14/05/2021

18:32

9.134

Големина на фонт

а а а

Една од најпопуларните серии на сите времиња, „Династија“, се емитуваше во период од 1981 до 1989 година.

Приказната го следеше животот на богатото семејство Карингтон чии членови ги толкуваа актерите Хедер Локлир, Линда Еванс, Џоан Колинс, Џон Форсајт и Памела Сју Мартин.

Џоан Колинс го толкуваше негативниот лик Алексис Карингтон Колби кои гледачите обожуваа да го мразат.


87-годишната Џоан немала среќа во приватниот односно љубовниот живот. Таа зад себе има дури 5 брака. Прв сопруг ѝ беше актерот Максвел Рид за кој се венчаше во 1952 година и се разведе од него 4 години подоцна. Во јавноста подоцна се појави шокантна информација дека Максвел ја силувал.

Три години по разводот, Колинс се вљуби во Ворен Бити и се верија, но нивниот однос се распадна поради неговото неверство. Актерката подоцна открила дека останала бремена од Ворен, а потоа донела тешка одлука да го абортира бебето.


Беше и во брак со пејачот и актер Ентони Њули со кој има 2 деца - Тара и Александер, а третиот пат го кажа судбоносното „да“ со филмскиот продуцент Рон Кас во 1972 година. Со него има уште една ќерка - Катјана Кенеди Кас.

Џоан во 1985 година стапи во брак со шведскиот пејач и плејбој Питер Холм во Лас Вегас, а се разведоа само 2 години подоцна. На крајот среќата ја пронајде со петтиот сопруг, актерот Пери Гибсон кој е помлад 32 години од неа, а парот се венчаше во 2002 година.

Погледнете како денес изгледа познатата Џоан Колинс:




Спонзорирани линкови

Маркетинг