Освоила 26 милиони долари, па добитното ливче го уништила при перење, познато е каде ќе одат парите

Точка

14/05/2021

17:46

4.316

Големина на фонт

а а а

Организаторите на лотаријата велат дека добивката мора да се пријави во рок од 180 дена од извлекувањето, кое е одржано на 14-ти ноември.

Жената која тврди дека го освоила џекпотот од 26 милиони долари извлечен во Калифорниската лотарија, вели дека го оставила добитното ливче во џебот од панталоните и го уништила при перење, пишуваат американските медиуми.

Жената, чиј идентитет не е познат, наводно била снимена од надзорните камери додека го купувала ливчето.


Но, рокот за барање на големата добивка истекол во четвртокот.

Организаторите на лотаријата велат дека добивката мора да се пријави во рок од 180 дена од извлекувањето, кое е одржано на 14-ти ноември.


Портпаролката на Калифорниската лотарија, Кејти Џонстон рекла дека снимката од надзорните камери не е доволна и дека е потребен уверлив и значаен доказ дека жената го имала ливчето.

Ова не е прв пат луѓе да тврдат дека купиле добитно ливче, но подоцна не можеле да го покажат.


Ако не се потврди добитникот на џекпотот, парите ќе се поделат на калифорниските јавни училишта, соопштиле организаторите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг