Путин: "Создаваат Антирусија"

Точка

14/05/2021

15:37

3.332

Големина на фонт

а а а

Настојуваат Украина да ја претворат во антипод на Русија, во некаква Антирусија, рекол рускиот претседател Владимир Путин.

"Судејќи по се, тоа е тажно. Украина полека, но сигурно, ја претвораат во некаков антипод на Русија, во некаква Антирусија, во платформа од чија територија постојано ќе добиваме вести кои ќе бараат наше посебно внимание од аспект на чување на безбедноста", рекол Путин отворајќи ја седницата со членовите на Советот за безбедност на Русија.

Тој додал дека Западот ја поддржува чистката на политичката сцена која почнала во Украина.


"Сега таму се одвива очигледна чистка на политичката сцена. Се затвораат национални медиуми. И ништо, нашите западни партнери воопшто не реагираат, да не кажам ги поддржуваат таквите одлуки", истакнал Путин.

Рускиот претседател го коментира и тоа што властите во Киев го ставиле опозицискиот политичар Виктор Медвешчук во домашен притвор, под обвинение за велепредавство.


Тој укажал дека некои претставници на раководството на Украина со години спокојно соработуваат со Русија, вклучувајќи го и Крим, додека тоа им се става на товар на претставници на опозицијата.

"Од политички причини на некои на товар им се става соработката со Русија во областа на економијата, иако многумина, меѓу кои високи службеници на Украина активно соработуваат со Русија, па и со Крим, и никому ништо", рекол тој.


Претходно денеска, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков рекол дека Путин смета дека лидерот на украинската партија "Опозициска платформа за живот", Виктор Медвешчук, кого Киев го обвинува за велепредавство, е еден од ретките украински политичари кои на дело се борат за нормализација на односите со Русија.

За процесот кој се води против него во Кремљ велат дека се надеваат дека не станува збор за вештерки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг