Хакими го посочи главниот „виновник“ за преселбата во Интер

Дерби

14/05/2021

14:25

1.616

Големина на фонт

а а а

Ашраф Хакими имаше две искучително квалитетни сезони во таборот на Борусија Дортмунд, но без разлика на тоа Реал Мадрид и тренерот Зинедин Зидан одлучија да не сметаат на неговите услуги и го продадоа во калчолигашот Интер.

Тој во актуелнава кампања одново блескаше и беше меѓу најзаслужните што „нероаѕурите“ по долга пауза ја вратија титулата на „Џузепе Меаца“. Со ова само беше потврдено дека неговото доаѓање било полн погодок, а Хакими го издвои човекот кој го натерал да дојде до Милано.

- Конте ме убеди да се преселам во Интер. Тој ми ја објасни мојата улога и колку важен ќе бидам. Тој ме натера да се чувствувам важно. Мислам дека можеме да започнеме победнички циклус со Конте во Италија и во Европа.

- Се грижам за оние кои го разбираат фудбалот и начинот на кој играм. Овде научив да се бранам многу подобро, - рече Мароканецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг