Урнат митот за израелската железна купола: Советска ракета од 1.000 долари го убива системот од 3 милијарди

Точка

14/05/2021

21:59

21.284

Големина на фонт

а а а

Железната купола се смета за најголемо воено-технолошка иновација во историјата на Израел.

Последната воена епизода меѓу Израел и Хамас ја довела во прашање ефикасноста на израелската повеќегодишна гордост, противвоздушниот систем за краток домет наречен "Железна купола" или "Iron Dome", кој се смета за најголема воено-технолошка иновација во историјата на оваа држава.

Железната купола досега неколку пати одиграла клучна одбранбена улога во трајните израелско-арапски судири, пресретнувајќи бројни обиди за ракетно делување по тамошните градови. Сепак, нејзината неефикасност не можела да се сокрие овој вторник. Военото крило на Хамас тој ден лансирало повеќе од 130 проектили кон Тел Авив, успевајќи лесно да го пробие "железниот противракетен чадор": мртвите граѓани, урнатите згради, запалените нафтоводи, затворениот и оштетен аеродром "Бен Гурион" - сите сведочеле за неговите слабости.

Многу воени аналитичари со тага констатирале дека ракета од 1.000 долари со леснотија ја пробива куполата во која се вложени, како што се проценува, 2,5 до 3 милијарди долари. "The Jerusalem Post" отворено се запрашал дали завршило времето на нејзината доминација и херметичката безбедност, истовремено расправајќи за уште една, многу поважна дилема - Дали Иран и Хезболах научиле нешто од палестински Хамас?

Израелската Железна купола е систем на противвоздушна одбрана кој заедно го креирале компаниите "Rafael Advanced Defence Systems" и "Israel Aerospace Industries", во финансиска и техничка поддршка од Соединетите Американски Држави.


Неговиот мозок претставува повеќенаменски радар кој во круг од 5 до 70 километри многу брзо бара, лоцира и следи движење на секој објект во воздухот: авиони, ракети , бомби. Кога ќе детектира потенцијална опасност, компјутерот активира ракети-пресретнувачи кои ги соборуваат проектилите.

Војската на САД пред неколку години ја анализирала можноста за набавка на Железна купола, но се откажале оценувајќи дека системот има значајни недостатоци и несовршености. Американските проценки добиле потврда и во пракса дека "Iron Dome" не може да се носи со "малку погуст дожд" од ракети.


Палестинците очигледно му ја пронашле "ахоловата пета", полнејќи го појасот Газа со многу густа балистика со ракети од нивно сопствено производство, евтини ракети од советско производство, но и многу опасните и прецизни советски ракети "Град" со домет од 40 километри. Токму овие последните се покажале како најопасни за штитот над израелските градови, со што Хамас демонстрирал дека се развил во итар противник чиј ракетен арсенал е се потежок за уништување.

"Jerusalem Post" пишува дека извори од разузнавачката и националната безбедност веќе подолго време предупредувале дека либански Хезболах има доволно проектили да го напаѓа Израел со повеќе од 500 ракети дневно, а тоа е бројка на која Железната купола не може да одолее.


Воениот кабинет и израелските разузнавачи очигледно биле изненадени поради тоа што го потцениле Хамас и неговиот борбен арсенал.

"Ако израелската доктрина по 50-дневната војна во Газа во 2014-та година била да го надживее Хамас, бидејќи Железната купола беше херметичка заштита за поголем дел од државата, ова сега ги менува односите. Ако и Хамас има повеќе од тие проектили со долг домет, тогаш и тоа како може да влијае на израелските воени планови. Ако малиот Хамас може да ја пробие Железната купола со своите евтини ракети, што можат тогаш Иран и Хезболах", пишува "Jerusalem Post".




Спонзорирани линкови

Маркетинг