Ливерпул се избори за триумф над Манчестер Јунајтед (4-2) и се доведе во позиција да може сам да одлучува за пласманот во Лигата на шампионите.
„Црвените“ до крајот имаат дуели против Вест Бромвич Албион, Барнли и Кристал Палас, дуели на кои ако остварат позитивни резултат, победи тогаш ќе ја остварат зацртаната цел и ќе играат во елитното натпреварување наредната сезона.
- Добра работа е што ние секогаш играме за да победиме. Едноставно тоа не го гледавме премногу често оваа сезона, но тоа повеќе е наш проблем отколку ваш. Не мора да го менуваме пристапот. Единствено што можеме да сториме за да дојдеме до Лигата на шампионите е да победиме на сите наши натпревари. Сè што се смени во претходниот период е дека ако ги добиеме сите три натпревари, ќе се пласираме во Лигата на шампионите, тоа претходно не беше така.
- Покрај тоа со недели беше јасно што треба да сториме, па затоа двете нерешени средби против Лидс и Њукасл ги доживеавме како порази. Фановите и новинарите сега ќе помислат- да, тие сега победија против Јунајтед и сега одат на ВБА. Но, ние не сме такви, фала му на Бога. Вест Бромвич очигледно игра исклучителна втора половина од сезоната. Им беше тешко, беа многу близу до постигнување на целта и играа навистина добар фудбал.
- Тие сега се целосно ослободени од притисок, така што може да доведе до што било. Значи ние одиме од натпревар во натпревар. Бевме доволно добри за да славиме против Јунајтед, сега гледаме кон недела, ако сме доволно добри за да победиме на следниот натпревар, тоа ќе биде одлично, - порача Клоп.