Кин: Со Фред и Мектоминеј не се освојуваат титули

Макфакс

14/05/2021

14:15

1.269

Големина на фонт

а а а

Легендарниот капитен на Мачестер јунајтед, Рој Кин, упати жестоки критки до својот поранешен клуб, по поразот од Ливерпул (2:4). Кин работи како аналитичар за „Скај спорт“.

„На виделина излегоа сите недостатоци на Јунајтед во последните неколку години. Погледнете го учинокот на двајца играчи од редот за врска. Мектоминеј е добар и искрен играч. А тука е и Фред. Се додека тие двајца се во тимот, Манчестер јунајтед нема да може да освојува големи трофеи“, рекол Кин.

Ирецот смета дека Јунајтед делувале подобро на теренот од моментот кога Гринвуд влегол на местото на Фред.

„Знам дека Солскјер е упорен во намерите да игра со Фред. Но јас не го гладам начинот како Фред може да го врати Јунајтед на патото да освојува трофеи“.

Според Кин, Манчестер јунајтед со овие играчи не може наредната сезона да се вклучи во борбата за титулата.

„Овој тим нема сила да се натпреварува со Манчестер сити. Застрашувачки е колку Сити се понапред од овој Јунајтед. Мислам дека Солскјер добро ќе размисли наредните денови и ќе помисли дека му се потребни тројца или четворица врвни играчи во летниот преоден рок“, заклучил Кин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг