Експлозија во џамија во Кабул, четворица загинати и повеќе од 20 повредени

Макфакс

14/05/2021

14:14

1.327

Големина на фонт

а а а

Во експлозија во џамија во северен Кабул денес загинаа четири лица и ранети се повеќе од 20 верници, соопшти авганистанската полиција.

Претставник на полицијата рече дека во џамијата бил поставен експлозив, пренесува АП.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Нападот се случи во време кога талибанците и авганистанската влада прогласија тридневен прекин на огнот поради муслиманскиот верски празник Рамазан бајрам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг