Играчите на Дортмунд ја прекинаа прес конференцијата: Терзиќ доби шампионско туширање кое нема да го заборави

Дерби

14/05/2021

13:24

1.353

Големина на фонт

а а а

Тимот на Борусија Дортмунд го надигра РБ Лајпциг (4-1) и го освои Купот на Германија, успех кој сигурно ќе донесе дополнителна мотивација за „милионерите“ во трката за Топ 4 пласман во Бундеслигата, односно место во Лигата на шампионите.

Ова за тренерот Един Терзиќ беше прв голем трофеј во неговата кариера, стана најмлад стратег (38 години) кој го освоил ова натпреварување во 21 век, па за овој резултат неговите момци, избраници одлучија да го наградат со едно шампионско туширање за време на пресконференцијата по натпреварот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг