Вистинско чудо во светот на архитектурата: Знаете ли каде се наоѓа најголемиот хотел на светот со 3 ѕвездички?

Точка

14/05/2021

13:25

6.212

Големина на фонт

а а а

Во состав на хотелот се наоѓа и новоотворен шопинг центар со име „First World Plaza“, а опфаќа продавници, ресторани, кафулиња, но и казино.

Хотелот „First World“ во состав на „Resorts World Gentinga“ во Малезија е најголемиот хотел на светот, односно хотел со најголем број на соби според Гинисовата книга на рекорди.


Се наоѓа во состав на планинскиот ресорт, се состои од три импресивни шарени згради, а брои дури 7.351 хотелски соби.

Титулата хотел со најголем број на соби ја носел од 2006 до 2008 година кога од тронот го тргнал „The Venetian“ во Лас Вегас којшто се сметал за најголем хотел до 2015 година.


Но, по доградбата на уште еден објект со вкупно 1.233 соби, „First Wold“ хотелот ја вратил својата титула.

Хотелот има три ѕвезди, а основачите велат дека тој нуди соби за сечиј џеб - од помали соби со 20-на метри квадратни до малку полуксузни апартмани.


Таму има и тематски забавен парк „Skytopolis“ којшто нуди многубројни активности за деца, но и за возрасни, но има и жичница „Awana Skyway“ којашто овозможува полесно движење низ ресортот сместен околу планината која се издигнува на 1.800 метри надморска височина.





Спонзорирани линкови

Маркетинг