Ракометна „бомба“ од Автокоманда: Браќата Ниокас го засилуваат Металург

Дерби

14/05/2021

12:28

5.409

Големина на фонт

а а а

Екипата на Металург веќе почна да влече конкретни потези за наредната сезона, па така откако со подолги договори беа „врзани“ тренерот Иван Марковски и одличното крило Златко Хорват сега пристигнува информација дека клубот од Автокоманда успеал да ги обезбеди француските интернационалци Оливие и Кевин Ниокас.

Француските медиуми пренесуваат дека Оливие и Кевин прифатиле ангажман во Металург и ќе потпишат двегодишни договори. Тоа се играчи кои ги покриваат бековските позиции (левата и десната), првиот во моментов е соиграч на Кирил Лазаров во Нант, додека пак вториот настапува во Бенфика каде своевремено играше заедно со Борко Ристовски.

Оливие често сме го гледале и во селекцијата на Франција, па Металург со нивниот ангажман ќе добие на квалитет и искуство, но и ќе може да им се закани на Вардар и Пелистер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг