Блесок на Јокиќ, нова победа на Денвер

Макфакс

14/05/2021

11:25

1.034

Големина на фонт

а а а

Неколку сјајни индивидуални партии ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Двајца постигнаа 40+поени. Јанис Адетокумбо со 40 кош го предводеше Милвоки до победата над Индијана 142:133, поен повеќе постигна Демијан Лилард во поразот на Портланд од Финикс 117:118.

Никола Јокиќ со 59 дабл-дабл сезонава, 251 во кариерата им овозможи на Денвер да забележат победа во Минеаполис. Денвер славеа со 114:103, Јокиќ забележа 31 поен и 14 скокови.

Бекот на Торонто Репторс, Џонсон, го одигра мечот на кариерата, постигна 35 поени во поразот од Чикаго 114:102.

Дуелот на Њујорк и Сан Антонио се претвори во шутерска пресметка на Арон Брукс и Демар Дерозан. Брукс постигна 30, Дерозан 27 поени во победата на Никс од 102:98.

Богдан Богдановиќ со 27 поени беше најефикасениот играч на натпреварот во кој Атланта го победи Орландо со 116:93.

Резултати:

Шарлот-ЛА Клиперс 90:113

Индијана-Милвоки 133:142

Атланта-Орландо 116:93

Мајами-Филаделфија 106:94

Њујорк-Сан Антонио 102:98

Чикаго-Торонто 114:102

Мемфис-Сакраменто 116:110

Минесота-Денвер 103:114

Финикс-Портланд 118:117



Спонзорирани линкови

Маркетинг