Aктерката Гал Гадот, родум Израелка, се нашла на удар на критики поради своите објави на социјалните мрежи за конфликтот на Израел и Палестина.
„Мојата земја е во војна, срцето ми се крши. Израел заслужува слободна и сигурна нација. Нашите соседи го заслужуваат истото“, напишала актерката којашто во младоста отслужила двегодишен задолжителен воен рок во израелската војска.
„Се молам за жртвите и нивните семејства. Се молам ова незамисливо непријателство да престане, се молам нашите лидери да најдат решение за да може да живееме едни покрај други во мир“.
Нејзините објави многумина ги критикувале и ги нарекле „пропаганда за Израел“, па актерката ја искористила опцијата на социјалната мрежа да ги оневозможи коментарите.
Некои пак пишувале дека Гадот повикува на мир, па дека не требало да ја нападнат.
Своето размислување за горенаведената тема го споделила и Ријана.
„Срцето ми се крши поради насилството меѓу Израел и Палестина. Не можам тоа да го гледам. Мора да постои некое решение. Со тага гледаме невини луѓе како страдаат поради потегот на Владата и екстремистите“, напишала пејачката.
Ниту манекенката Бела Хадид не премолчела:
„Идните генерации во неверување ќе се чудат како дозволивме Палестинците толку долго да патат. Човечка трагедија ни се случува пред очи. Политичарите кажуваат неутрални зборови од страв да не ги повикаат, а светот молчи за да не ги навреди виновните луѓе“, остро се изјаснила таа, а нејзината објава ја споделила и пејачката Дуа Липа на социјалната мрежа Инстаграм.