Овој лиснат зеленчук е чисто злато: Го зајакнува имунитетот, го регулира крвниот притисок и ја подобрува работата на цревата

Точка

13/05/2021

12:14

8.659

Големина на фонт

а а а

Зелената салата е богата со минерали како калиум, калциум и натриум. Исто така содржи и голема количина на витамини – изобилува со витамин Ц кој го штити организмот од настинки и грип и витамин Е кој е силен природен антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетувања.

Витамините А и Б2 кои исто така ги содржи во голема количина, се корисни за очите, косата и кожата.

Покрај тоа содржи и фолна киселина, фосфор, железо, магнезиум, бакар, манган и цинк. Има многу висок процент на вода, па на тој начин го хидрира организмот.

Ова се останатите здравствени придобивки кои ги овозможува зелената салата:


Го зајакнува имунитетот

Минералите кои ги содржи зелената салата го намалуваат штетното влијание на слободните радикали во телото, па така штитат од вирусни инфекции и слични болести. Исто така, големата количина на витамин Ц поволно делува на имунитетот.

Ја подобрува работата на цревата и помага при слабеење

Зелената салата е добра за сите кои се обидуваат да изгубат вишок килограми бидејќи има релативно висок процент на влакна. Намирниците кои се богати со влакна помагаат да се чувствуваме сито и со помала количина на храна, а освен тоа го забрзуваат метаболизмот.

Поради големата количина на влакна, овој зеленчук поволно делува на работата на цревата и го олеснува празнењето.


Го чува здравјето на коските

Калциумот е важен за здравјето на коските и забите, а помага и во одржување на функциите на мускулите.

Го регулира крвниот притисок

Зелената боја на салатата потекнува од хлорофилот кој има благотворно дејство во случај на стеснување на крвните садови, а се верува дека може да го регулира крвниот притисок како и да ја поттикне активноста на срцевиот мускул.



Спонзорирани линкови

Маркетинг