„Парада на кичот“ на црвениот тепих во Лондон: Славните убавици се појавија во бизарни изданија - единствена светла точка е малиот црн фустан

Точка

12/05/2021

22:08

11.269

Големина на фонт

а а а

Во Лондонскта „O2“ арена беше одржано 41-то доделување на престижните „BRIT“ награди.

Воедно ова е првиот поголем музички настан во Велика Британија од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Дека работите полека се враќаат во нормала доказ е и тоа што публиката не морала да носи заштитни маски и да води сметка за физичката дистанца.

По црвениот тепих прошетаа најпопуларните музички ѕвезди во Британија, а најголемите ѕвезди на вечерта беа Дуа Липа и Тејлор Свифт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ: Кариерата ѝ цвета, а љубовта ѝ е осудена на пропаст: Тејлор Свифт е првата жена која освои награда за глобална икона

Овојпат ќе се позанимаваме со модните комбинации на славните дами, а модните критичари велат дека „немало многу отмени изданија“.

Познатите пејачки се одлучиле за своевидна парада на кичот, а акцентот бил на екстравагантноста и провокативните изданија.

Во нашата галерија погледнете ги нивните изданија, а една од ретките модни комбинации којашто ни се допадна е црниот фустан со доза на страст кој го носела водителката Маја (првата фотографија од галеријата).

Погледнете ги фотографиите:




Спонзорирани линкови

Маркетинг