Првпат во последните 120 години: По смртта на принцот Филип традицијата се менува...

Точка

12/05/2021

11:10

6.292

Големина на фонт

а а а

Британскиот парламент почна со заседавање, а во состав со традицијата, го отвори кралицата Елизабета II.

Инаку, ова е нејзиното прво појавување при вршење на службена должност од смртта на својот сопруг, принцот Филип. Тоа довело и до измена во досегашната традиција.

Освен што бројот на присутните во домот на лордовите е намален на 74, еден детаљ поврзан за самата кралица ја изненадил јавноста.

Како што е обичајот на отворањето на парламентот - присутни се кралицата и нејзиниот сопруг, а за нив се поставени златни кралски тронови, сепак оваа година тоа не било така, па дошло до исклучок по 120 години.


Поради смртта на прицот Филип неговиот трон бил отстранет, наместо него имало поставено кружна маса покриена со свечен чаршаф.

На фотографијата се гледа кралицата како седи сама, додека од нејзината лева страна седи нејзиниот син принцот Чарлс со сопругата Камила.

Тронот за сопружници последен пат бил изоставен во 1901 година поради смртта на сопругата на кралот Едвард VII.

Инаку, интересна работа којашто е поврзана со заседавањето е тоа што сите присутни носеле заштитни маски на лицето, но до тоа правило не се придржувала кралицата којашто пристигнала во своја вообичаена модна комбинација, капут и шешир, а не во церемонијална облека.


Поради тоа, се шпекулира дека таа наскоро, барем на одредено време ќе го напушти дворецот Виндзор.

Иако продолжи со своите обврски, кралицата приватно продолжува со жалењето по својот сопруг, а тоа веројатно сега ќе го продолжи во дворецот Балморал, омиленото прибежиште на кралското семејство и место на најубавите спомени за кралицата.

Елизабета Втора ќе ги следи истите чекори како и нејзината прабаба, кралицата Викторија, кога станала вдовица во 1861 година.

Кралицата Викторија го изгубила својот сопруг, принцот Алберт во 1961 година, а тој тогаш имал 42 години.


Потоа таа поголемиот дел од своето време го поминувала во дворецот Балморал, местото коешто многу ѝ значело и поради тоа што била емотивно поврзана со него, а местото го купил токму принцот Алберт во 1852 година. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг