„Polleo Sport“ наскоро со нова најголема фитнес продавница во „Скопје City Mall“

Точка

14/05/2021

09:56

3.342

Големина на фонт

а а а

Во пресрет на претстојната летна сезона Polleo Sport НАСКОРО ја отвора својата најголема продавница во Skopje City Mall. Ново место каде можат да се соберат сите љубители на спортот и здравиот начин на живот.

Кога избирате здрав начин на живот влијаете врз начинот на кој се чувствувате, вашата психолошка состојба, и вашиот квалитет на живот. Правите избор што честопати ќе ги инспирира вашите пријатели, семејство и деца да направат промена во сопствените животи.

Како регионален и европски лидер во индустријата за спортска исхрана и фитнес опрема, Polleo Sport расте и се подобрува од ден за ден, за да им го овозможи на своите клиенти најдоброто од палетата на светски брендови.

Целодневното дружење во новата продавница ќе биде проследено со музичка програма, бројни акции, предизвици и наградни игри, почитувајќи ги сите препораки на владата за Ковид 19.

Во продавниците на Polleo Sport работи високо едуциран персонал кој го промовира концептот на здрав живот, чија цел е едукација и подигнување на свеста за тоа колку е важен активниот живот.


Polleo Sport има најголем избор на спортска суплементација, био и здрава храна, фитнес опрема - сè на едно место, производи од најдобрите светски производители за суплементација и опрема како Optimum Nutrition, Scitec Nutrition, QNT, My Protein, ME: First, BSN, Garmin, Fitbit, Atleticore, Equa, Reebok, DC Comics, Under Armour, ZOE, TRX… и уште многу други светски брендови.

Носител е на престижниот сертификат за квалитет Superbrands, како и на Green Superbrands ознаката за бренд со високо развиена еколошка свест и одговорност.

Во сабота, на 15-ти мај, Polleo Sport носи пресметка на спортски начин што ниеден вистински љубител на активниот спортски живот не смее да ја пропушти!

Комерцијален текст



Спонзорирани линкови

Маркетинг