Гарванлиев на обложувалниците за Евросонгот со мизерен коефициент: Шансите за победа се помали од 1 отсто

Точка

11/05/2021

19:00

7.759

Големина на фонт

а а а

Македонскиот претставник за Песна на Евровизија 2021, Васил Гарванлиев, има лоши квоти на обложувалниците кои се занимаваат со пласманот на учесницитe.

Додека Фанција веќе подолго време е на првото место со коефициент 4, а веднаш по неа е Малта, Гарванлиев е со коефициент 500, или 1 отсто шанси за победа.


Тој е на самото дно, односно на 33 место, со помалку од еден процент можност за победа.

Инаку, двете полуфинални вечери на Евросонг ќе се одржат на 18-ти и 20-ти мај, додека финалето ќе биде на 22-ри мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг