40 години од смртта на кралот на регето: Последните зборови на Боб Марли се вистинска животна поука

Точка

11/05/2021

16:56

6.454

Големина на фонт

а а а

Денеска се навршуваат 40 години од смртта на тогаш 36-годишниот крал на реге музиката, Боб Марли, ѕвезда од државите од третиот свет која, како ниту една дотогаш, влијаела на новите жанрови во музиката.

„Светло кое сјае двојно посилно и двапати подолго“, рекла за Марли Џуди Моват, една од трите основачки на групата „I-Threes“ која ја следела реге ѕвездата, а која ја вклучувала и неговата сопруга Рита.


„Во многу аспекти Боб Марли беше наша најсветла ѕвезда. Направи толку многу за толку кратко време“, изјавила Моват за „France Presse“.

Таа се присетила на 11-ти мај 1981 година.

„Беше неколку дена хоспитализиран во Мајами, кога го добив повикот за смртта на Роберт Неста Марли од компликации настанати поради тумор на ножниот палец кој одбиваше да го лекува поради својата растафаријанска вера. Беше крај на сите тие години соработка“, се присетила Џуди која им се приклучила на „I-Threes“ во 1974 година и сè уште живее на Јамајка.


„Одеднаш ме погоди: Боб засекогаш си замина“.

„Парите не можат да купат живот“, му кажал славниот музичар на својот син, Зиги, пред смртта. Тој почина 8 месеци по својот последен концерт во Питсбург.

На 40-годишнината од заминувањето на Марли, за првпат повторно се заедно на небото сите тројца основачи на легендарните „The Wailers“, а тоа се Боб Марли, Питер Тош и Бани Вејлер кој почина во март оваа година, на 73-годишна возраст, нагласила Максин Стоу, долгогодишна негова менаџерка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг