17 години откако ја остави пред олтар: Лопез и Афлек „уловени“ на романтичен одмор

Точка

11/05/2021

10:56

8.954

Големина на фонт

а а а

Откако Џеј Ло ја раскина веридбата со Алекс Родригез и додека се пишуваше дека Бен Афлек пати поради Ана де Армaс, некогашниот најпопуларен пар на планетата очигледно дека ја обновил својата љубовна врска.

Синоќа во светот одекна веста дека Џенифер Лопез и Бен Афлек биле фотографирани заедно по 17 години од раскинувањето на нивната веридба.

И, не само што биле забележани заедно, туку поранешните вереници биле фотографирани при враќањето од романтичниот винекд oд Монтана.


Странските медиуми објавија и ексклузивни фотографии од латино дивата и актерот во автомобил и како ги носат куферите покрај приватниот авион во Лос Анџелес, а „People“ пренесува дека тие двајца заедно поминале неколку денови.

„Тие имаат моќна врска. Беше брзо и интензивно, но Џенифер е среќна“, изјавил извор близок до парот.

Инаку, популарниот оскаровец и пејачката и актерка се вериле во далечната 2002 година, а биле првиот познат пар на којшто медиумите му осмислија и прекар - „Бенифер“.


Афлек и Лопез заедно глумеле во филмовите „Gigli“ и „Jersey Girl“, биле неразделни, а Бен се појавил и во спотот од песната на Џенифер „Jenny from the block“.

Сепак актерот не можел да го поднесе вниманието и притисокот од медиумите, па нивната венчавка од 2003 година била одложена за следната година, но тие официјално раскинале.


Се пишуваше и дека актерот е виновен за прекинувањето на нивната веридба и дека Џенифер била скршена од болка.

Во текот на годините коишто следеле, парот вообичаено не зборувал за нивната љубов, а Бен минатата година ги изненади сите кога ја споменал Џенифер во некое интервју.

„Таа е вистинска. Одвреме-навреме се слушаме и многу ја почитувам. Колку е неверојатно што својот најголем филмски хит го оствари во 50-те години од животот?“, изјавил актерот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг