Знаете ли каде се наоѓа и што се крие зад една од најпознатите тераси на Инстаграм?

Точка

10/05/2021

22:09

12.296

Големина на фонт

а а а

Една од најпрепознатливите тераси на Инстаграм фотографиите се наоѓа во склоп на фотографското студио „Taht“ во Истанбул, а просторот станал незаобиколна дестинација во текот на посетата на овој град.

Фото студиото се прилагодило на модерните барања на пазарот, опремувајќи посебен простор за фотографирање на туристите, со целокупна сценографија и облека, а токму фотографиите од оваа тераса во склоп на студиото се најпопуларна разгледница на Истанбул.

Од препознатливата тераса која се наоѓа на врвот на една зграда се пружа еден од најубавите погледи кон овој град. Иако на прв поглед се чини дека се работи за кафуле или ресторан уреден во традиционален стил, станува збор за однапред припремен простор кој се изнајмува.

Иако Истанбул претставува туристичка дестинација сам по себе, популарноста на оваа локација во последно време ги надмина останатите знаменитости на градот, што го потврдуваат и бројните фотографии од социјалните мрежи.

Влезот изнесува 100 турски лири (10 евра), а во рамки на таа цена можете да изнајмите и традиционална турска облека. Исто така, понудата на фотографското студио опфаќа и професионална фотосесија, фотографирање на венчавки и снимање видеа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг