Д-р Фаучи го откри тоа што Вашингтон се обидува да го „сокрие“: „Нема сомнеж...“

Точка

10/05/2021

09:41

6.023

Големина на фонт

а а а

Главниот американски епидемиолог д-р Ентони Фаучи сугерирал дека коронавирусот во САД е посмртоносен отколку што официјално тоа е пријавено, додавајќи дека САД „го намалил“ вкупниот број на мртви како последица од коронавирусот.

„Мислам дека нема сомнеж дека сме го намалиле бројот“, изјавил д-р Фаучи во неделата за „Ен-Би-Си“.

На прашањето за истражувањето од Универзитетот во Вашингтон, според кое што досега повеќе од 900.000 Американци починале како последица од коронавирусот во САД, што ја надминува официјалната бројка од 581.000 жртви од коронавирусот, епидемиологот одговорил:

„Тоа е малку повеќе од тоа што мислев дека е намалено, понекогаш моделите се точни, понекогаш малку отстапуваат од точните бројки“.

Водителот на „Ен-Би-Си“ се надоврзал на констатацијата на д-р Фаучи, главниот медицински советник на американскиот претседател Џо Бајден, во откривањето на бројот на жртвите.

Тој рекол дека проценката на Универзитетот во Вашингтон е „речиси двојна во однос на тоа што сме успеале да го забележиме“.

Д-р Фаучи на крајот изјавил дека истражувањето е потсетување на историските размери на пандемијата каква што во САД не била забележана повеќе од 100 години, пренесува „RT“.

Инаку, Ентони Фаучи изјавил и дека наскоро ќе се променат упатствата за носење маски во затворен простор.

„Мислам дека тоа најверојатно ќе го видите како што одиме понатаму и кога сè повеќе луѓе ќе се вакцинираат“, изјавил Фаучи, кој е и директор на Националниот институт за алергија и заразни болести.




Спонзорирани линкови

Маркетинг