Борел: Лидерите на БиХ да прекинат со остра реторика и да спроведат реформи

Макфакс

10/05/2021

09:02

897

Големина на фонт

а а а

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, пред состанокот на министрите во Брисел, оцени дека лидерите на БиХ треба да престанат со националистичката реторика и наместо тоа да се фокусираат на брзиот напредок во реформите.

„Испратив јасна порака до водачите на БиХ за време на важните разговори со претседателството на земјата – тие мора да престанат да ја користат националистичката реторика на поделби и наместо тоа да се фокусираат на брзиот напредок во реформите“, рече Борел.

Висок претставник на ЕУ, кој беше во БиХ кон крајот на април, рече дека политичката атмосфера во земјата неодамна се влошила, јавуваат тамошните медиуми.

Повикот за прекројување на границите во регионот и поделбата на БиХ по етничка линија предизвика жестоки реакции. Реториката што го доведува во прашање интегритетот на БиХ мора да престане.

„Опасно е и неприфатливо да се зборува за отцепување, нови граници, понатамошни етнички поделби или војна“, рече Борел.

Според него, граѓаните на Босна и Херцеговина и земјите-членки на ЕУ сакаат да видат поголем напредок.

„Улогата на ЕУ, заедно со Соединетите Американски Држави, е да ги олесни преговорите. Обидите за погрешно прикажување на улогата и намерите на ЕУ и нашите меѓународни партнери во БиХ се неприфатливи “, додаде Борел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг