Состанок на Министрите за надворешни работи на ЕУ, фокусот е Западен Балкан

Макфакс

10/05/2021

08:35

1.450

Големина на фонт

а а а

Шефовите на дипломатиите на Европската Унија денеска во Брисел ќе одржат дискусија за посилен политички ангажман на ЕУ со партнерите од Западен Балкан, како и за партнерско дејствување во соочувањето со глобалните предизвици.

Во подготвителниот документ за денешната министерска сесија на ЕУ се наведува дека ќе се разгледа како да се обликува заедничката иднина во рамките на Европската Унија преку итни и заеднички активности, со цел зајакнување на соработката во областа на безбедноста.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, ќе им претстави на министрите „нон-пејпер“, во кој се наведува дека јасна цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ, и секој предлог во друга насока е одвлекување на вниманието со лоши последици и тешка работа што нужно мора да се направи за да се постигне визијата за обединета, силна и просперитетна Европа, пишуваат европските агенции.

Неименуван висок претставник на ЕУ изјави дека министрите за надворешни работи на ЕУ сакаат да утврдат како да се зајакне соработката со Западен Балкан заради стабилноста и безбедноста во самата ЕУ.

Министрите за надворешни работи на Унијата ќе го разгледаат ова понатаму во вторник, а шефовите на држави или влади треба да разговараат во јуни за тоа како да ги вметнат односите со Западен Балкан во стратешките приоритети на ЕУ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг