Македонската евровизиска делегација пристигна во Ротердам: Еве како изгледаше првата проба на Гарванлиев

Точка

08/05/2021

18:48

4.175

Големина на фонт

а а а

Нашиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев заедно со евровизиската делегација од вчера е во Ротердам, Холандија, каде од 18-ти до 22-ри мај ќе се одржи популарната музичка манифестација.

Првата проба на Гарванлиев со „Here I stand” на Евросонг во Ротердам се случи денеска и веќе се очекуваат попрецизни прогнози околу пласманот на учесниците, но искуството покажало дека не постојат правила до последниот момент и од есенцијално значење е позитивната мисла и безрезервна поддршка на избраните претставници. Васил настапува во првото полуфинале, 6-ти по ред.

Како поддршка со свои ресурси кон тимот се придружија и Јелмаз Дервиши, како ПР на Гарванлиев и Расел Дејвис, долгогодишен волонтерски соработник на македонската делегација.

Џозефин Ли и Брајан Фарина во Ротердам долетаа дури од Чикаго, кои како менаџерско-продуцентски тим се долгогодишни соработници на Гарванлиев.

Еве како звучеше Васил на првата проба.



Спонзорирани линкови

Маркетинг