Кокос и јагоди – постои ли некој кој не ја сака оваа вкусна комбинација?
Состојки за кората:
- 5 јајца
- 3 лажици топла вода
- 150 гр. шеќер
- 100 гр. брашно
- 50 гр. густин
- 2 лажички сода бикарбона
- прстофат сол
- 100 гр. кокос и 20 гр. за посипување
Одвојте ги белките од жолчките. Изматете ги белките во цврст снег. Изматете ги жолчките со топла вода и шеќер додека не станат кремасти. Помешајте го брашното со густинот, сода бикарбона, сол и 100 гр. сув кокос во еден сад и постепено додавајте ја, со матење со миксер, смесата од жолчки.
Додајте ги белките и мешајте со шпатула. На голема тава ставете хартија за печење и истурете ја смесата во неа. Печете 10-15 минути.
Додека кората се пече, припремете влажна крпа на која ќе ставите 20 гр. кокос. Ставете го горниот дел од тортата на крпата, извадете ја хартијата за печење и свиткајте во ролат. Филот го ставаме кога кората ќе се излади.
Состојки за фил:
- 250 гр. џем од јагоди
- 200 гр. крем сирење
- 200 мл. павлака за шлаг
- 100 гр. шеќер во прав
- 1 лажичка екстракт од ванила
- 250 гр. свежи јагоди (исечкани на коцки)
Загрејте ја рерната на 180 Целзиусови степени. Изматете ја павлаката за шлаг во цврст крем. Додајте крем сирење, шеќер и екстракт од ванила и мешајте додека сè не се соедини убаво.
Изладената кора одмотајте ја од крпата и премачкајте со џем од јагоди. Ставете го филот со шпатула и оставете малку крем за врвот на тортата.
Ставете ги исечените јагоди по целата должина на кората и свиткајте ја. Ставете уште малку фил одозгора и украсете по желба.