4 типови на жени кои познатиот дизајнер Кристијан Диор не можел да ги поднесе

Точка

08/05/2021

15:00

4.467

Големина на фонт

а а а

Кристијан Диор беше еден од најпознатите великани, моден дизајнер од минатиот век. И покрај децениите, брендот „Dior“ и понатаму се смета за синоним за квалитет и добар вкус.

Самиот Кристијан Диор ги обожувал жените, но презирал поединечни типови, а еве за кои станува збор:

Жени со валкана коса

Како Коко Шанел, и Кристијан Диор сметал дека најлошото нешто што може да го направи една жена е да излезе од дома со валкана коса. Диор верувал дека за една жена не може да се каже дека е негувана ако си дозволи да се појави во јавност со валкана коса.

Чистата коса е еден од најсилните адути на дамите.


Неженствени девојки

Ако жената не е женствена, тогаш не може да се смета за дама. Ако таа ја негира својата женственост и не ја нагласува, тогаш не е ни жена, сметал Диор.

Според него, не се само чевлите со потпетици и фустаните женствени туку и однесувањето, манирите и комуникацијата со други луѓе.

Жени со несоодветна облека

Диор сметал дека правилната нега на телото подразбира и избор на облека која ѝ одговара на фигурата и карактерот. Негуваната жена е онаа која носи облека која му одговара на телото и која умерено го нагласува, изјавил дизајнерот во една прилика.


Жени кои носат патики

„Вистинскиот доказ за елеганцијата на една дама се наоѓа на нејзините нозе“, велел Диор. Тој сметал дека женските чевли се неопходен атрибут за женственост и негуваните жени не треба да си дозволат да носат неженствени чевли. Кристијан Диор не поднесувал патики на женските нозе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk