„Билд“ најавува сензационален трансфер – Салах се враќа во Челси

Макфакс

08/05/2021

13:39

3.613

Големина на фонт

а а а

Уредникот на „Спорт Билд“, Кристијан Фалк, тврди дека е точна информацијата, дека менаџерот на Челси, Томас Тухел, сака да на „Стенфорд Бриџ“ да го врати Мохамед Салах.

Салах, во 2014 година играше во Челси. Тогаш тој во Лондон пристигна од Базел, како млади и талентиран фудбалер. Не успеа да се наметне кај Жозе Мурињо, поради што клубот го позајми најпрвин во Фиорентина, а потоа и во Рома. „Волчицата“ во 2016 година го откупи неговиот договор, а во 2017 година го продаде во Ливерпул за 40 милиони евра.

На „Енфилд“, Салах, стана еден од најдобрите напаѓачи во светот.

Уредникот на „Спорт Билд“, тврди дека Тухел ја составил листата на потенцијални засилувања во нападот. Покрај Ерлинг Халанд и Ромелу Лукаку на листата се наоѓа и Салах.

Египќанеот, неодамна изјави дека не сака да „зборува за својата иднина во Ливерпул, бидејќи ништо не зависи од него“.

Салах, во кариерата за Ливерпул одиграл 198 натпревари и постигнал 123 голови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг