Компанијата Microsoft се подготвува конечно да ги освежи своите икони кои потекнуваат од ерата на оперативниот систем Windows 95.
Софтверскиот гигант полека ги унапредуваше иконите кои ги користи за Windows 10, а тоа е дел од „визуелното подмладување“ планирано за оваа година. Низа на нови системски икони видовме во март, а меѓу нив се иконите на File Explorer, Recycle Bin и слично. Microsoft сега планира да ги освежи иконите од ерата на Windows 95 кои исто така се дел од Windows 10.
Дел од фајловите shell32.dd во Windows 10 се новите икони за меморија, floppy и Network се наоѓаат во хибернациски мод.
Сите промени се дел од големото освежување на дизајнот со кодно име Sun Valley. Визуелните промени доаѓаат со Windows 10 21H2 надградбата која се очекува да пристигне во октомври оваа година.