Научниците тврдат дека имаат објаснување за крвните згрутчувања: Ковид не е респираторна, туку васкуларна болест

Точка

07/05/2021

15:55

3.418

Големина на фонт

а а а

Членовите на истражувачкиот тим од американскиот Универзитет Сан Диего тврдат дека имаат доказ дека Ковид-19 не е респираторна, туку васкуларна болест, пренесува "Euronews.

Ова би можело, како што се наведува, да ги објасни крвните згрутчувања кај некои ковид-пациенти и симптоми како што се "ковид-стапала", кои не се класичен симптом кај респираторните болести.

Истражувањето, објавено во списанието "Circulation research", прецизно објаснува како вирусот ги оштетува клетките на васкуларниот систем.


Веќе е познато дека покрај разните симптоми, меѓу кои се и респираторните, постојат и кардиоваскуларни проблеми кои го погодуваат организмот.

Тимот кој работел на истражувањето покажал дека вирусот го напаѓа васкуларниот систем или крвотокот. Протеинот "S" во вирусот, кој формира круна, го напаѓа рецепторот "ACE2", оштетувајќи ги митохондриите кои ги напаѓаат клетките со енергија и така ги оштетуваат ендотелата, кои ги поставуваат крвните садови.


Научниците ова го набљудувале и претходно, но досега не се знаел точниот механизам и улогата на "S" протеинот. Потоа создале псевдовирус за потребите на истражувањето, кој имал само "S" протеин, но и остаток од вирусот, за да покажат во лабораториски услови дека протеинот е доволен за да се предизвика болест.

"Многу луѓе мислат дека ова респираторна болест, но не е. Тоа би можело да објасни зошто многу луѓе доживуваат мозочен удар и зошто некои имаат проблеми во останатите делови од телото. Заедничко за сите е што имаат васкуларна подлога", рекол асистентот во истражувањето, професор Ури Манор.




Спонзорирани линкови

Маркетинг