Бендот „Coldplay“ лансираше нова песна – во вселената: „Во моментов не можеме да свириме за никој на Земјата“

Точка

07/05/2021

14:40

2.224

Големина на фонт

а а а

Британската рок група „Coldplay“ избра вонземјански начин да го одбележи објавувањето на нивниот нов сингл „Higher Power“ со емитување на песната – во вселената.

Групата позната по многуте хитови, меѓу кои и „Paradise“ и „Viva la Vida“, се поврзала со Меѓународната вселенска станица (ISS), за во четвртокот навечер да разговара со европскиот астронаут Томас Пескет за животот во вселената.

Во таа прилика со Пескет ја споделиле и снимената изведба од нивната нова песна со помош на шарени вонземјански холограми кои што играле во ритамот на песната, а францускиот астронаут ја пуштил песната во бродот на Меѓународната вселенска станица.

„Во овој момент не можеме да свириме за никој на Земјата, па помисливме да ја отсвириме за тебе“, изјавил пејачот Крис Мартин во разговорот чија снимка е објавена денес.

„Тоа е како концерт за една личност“, додал тој.

Инаку, „Coldplay“ наскоро ќе ја изведе песната на доделување на наградите за поп музика „Brit Awards“ на реката Темза во близина на лондонската арена „О2“ во која што треба да се одржи церемонијата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг