Метју Пери е последната јавна личнoст за која што се дозна дека ја користи апликацијата за „дејтови“ – „Раја“, откако едно 19-годишно девојче изјавило дека го запознала актерот на апликацијата, а таму тој ѝ поставил прашање: „Дали сум стар колку твојот татко?“.
Пери (51), кој што моментално е верен со Моли (29), на видео снимката која што била објавена вчера, флертува со тиктокерката Кејт Харалсон.
Харалсон, сега 20-годишна девојка, ја споделила снимката со објаснување: „Кога поради забава ќе го запознаеш Метју Пери на апликација за запознавање, а тој ви поставува 20 прашања“.
Во видео снимката од 16 секунди, Пери е насмеан додека прашува: „Дали секогаш си играш така со твојата коса?“, „Дали сум стар колку твојот татко?“ и слични прашања.
Харалсон, која што кога Пери првпат ја контактирал имала 19 години, изјавила дека сака да покаже како постарите мажи од Холивуд ги „искористуваат“ помладите жени на апликациите за запознавање.
„Многу од луѓето зборуваа дека сум насилна и злобна поради тоа што го објавив ова, а поради тоа се чувствував лошо, но истовремено чувствувам дека многу од момците во Холивуд разговараат со сите млади девојки на таков начин и тоа е нешто за што мислам дека луѓето треба да бидат свесни“, изјавила Харалсон.
Харалсон тврди дека разговорот кој што се наоѓа на видео снимката се случил во мај минатата година, кога Пери на кратко се разишол со својата сегашна вереница, со која што е во врска од 2018 година.
Харалсон навела дека се „споила“ со Пери поради тоа што мислела дека тоа ќе биде духовито.
Таа навела дека на Пери му одговорила дека една година е постар од нејзиниот татко и тврди дека тој само се насмеал, а девојчето истакнало дека во делови од нивниот разговор се чувствувало непријатно.
„Мислам дека тоа не му пречеше“, тврди девојчето.
„Ми беше чудно што разговарам со некој кој што има исто години колку мојот татко и едноставно не беше во ред, особено кога тој знаеше колку сум јас млада“.
Таа изјавила дека никогаш не се виделе во живо, иако наводно тој инстистирал на тоа.
„Можеби еден ден можеш да направиш тест за коронавирус и да дојдеш“, наводно ѝ рекол Пери.