Мелинда се повлекла на рајски остров, децата бесни на Бил: Дали мистериозната преведувачка е причина за разводот

Точка

07/05/2021

23:32

11.196

Големина на фонт

а а а

Ноќ на луксузниот приватен остров чини 132.000 долари, а на него има 25 апартмани.

Коосновачот на "Микрософт" Бил Гејтс и неговата сопруга на 3-ти мај објавиле дека се разведуваат. Но, според извори запознаени со ситуацијата, разделувањето не било пријателско како што парот го претставил во јавноста, пренесува "Jutarnji.hr".

Бил и Мелинда биле подготвени во март да откријат дека се разведуваат, но ги спречиле нивните адвокати кои се обидувале да направат спогодба пред официјалната објава за развод.


Мелинда очекувала дека изјавата за разводот ќе предизвика хаос во медиумите па затоа "побегнала". Според анонимен извор кој го цитирал американскиот таблоид "TMZ" во четвртокот, Мелинда моментално престојува на карипскиот остров Калвињи, каде престој за една вечер чини 132.000 долари. Најавата за развод била одложена до мај, но Мелинда сепак одлучила да оди на островот и со себе да ги понесе своите три деца, Џенифер, Рори и Фиби.

Бил Гејтс не бил повикан на луксузниот остров, бидејќи, според изворите, децата му биле многу лути.


Овие натписи сугерираат дека разводот на моќниот пар бил суров, но и дека некој облик на финансиска спогодба на наскоро поранешните сопружници сепак била направена. Наводно на денот кога Мелинда официјално побарала развод, Бил на неа и префрлил акции во вредност од речиси 2 милијарди долари.

Островот Калвињи, на кој се наоѓаат Мелинда и децата, има 25 апартмани и во сопственост на францускиот милионер Жорж Коен. Коен го преуредил во прибежиште за богатите и славните. Американската поп ѕвезда Џастин Бибер го изнајмил островот за својот 21-ви роденден во 2015-та година, а го посетило и семејството Кардашијан.


Уште не е јасно што го предизвикало крајот на бракот, но познато е дека Мелинда прва поднела барање за развод велејќи дека нивниот однос е "неповратно нарушен".

Нивната 25-годишна ќерка Џенифер Гејтс јавно зборувала по тоа прашање. На својот профил на Инстаграм напишала дека семејството Гејтс моментално минува низ "предизвикувачки времиња".


За разводот не се откриени други детали, но постојат гласини дека главна причина за истиот била наводната афера на Бил со младата кинеска преведувачка Же Шели Ванг, која работела за филантропската организација на Гејтс. Медиумите се сконцентрирале и на годишните одмори на милијардерот и неговата поранешна девојка Ен Винблад - со која бил во врска пред Мелинда.



Спонзорирани линкови

Маркетинг