Борбените авиони се „чувствителни“ летала кои бараат доста време и труд за адекватно чистење, а со цел перењето да биде што е можно поефикасно, американската војска започна да користи роботи.
Американската единица 149th Fighter Wing во Тексас тестираше и демонстрираше роботски систем специјално дизајниран за борбени авиони F-16. Системот и натаму е во фаза на концепт, а доколку сѐ се одвива според планот, тогаш роботите ќе започнат да се користат и во други бази за чистење на остантите борбени авиони.
За целосно чистење на еден авион на роботот му е потребен еден час, додека за истата работа кога работат луѓе се потребни неколку дена.
Роботите за чистење на борбените авиони се дел од AFWERX иницијативата за иновации, а ги разви компанијата Wilder System.