Alfa Romeo Giulietta е на пазарот повеќе од една деценија, а крајот на производството на италијанскиот хечбек беше најавен за декември 2020-та година.
Сепак, италијанската компанија подготви уште една финална серија на овој модел која е наменета за купувачите во Австралија. Станува збор за Giulietta Finale Edizione, модел кој ќе се продава по почетна цена од околу 31,500 евра.
Серијата е ограничена на само 35 примероци, па овој автомобил сигурно ќе им биде интересен на колекционерите во иднина. Giulietta Finale Edizione е достапен во три ексклузивни бои – Alfa White, Anodized Blue и Magnesium Grey Matte.
Покрај тоа, маската од ладилникот, куќиштата на ретровизорите и додатоците на праговите се изработени од јаглеородни влакна, а посебно внимание привлекува одличниот Magneti Marelli издувен систем и 18-инчните алуминиумски фелни.
Под хаубата е сместен 4-цилиндарски 1,75-литарски турбо-бензинец кој развива 240 коњски сили и 340 Nm максимален обртен момент кој доаѓа во комбинација со автоматски менувач со двојно квачило.