Шефот на „Бионтек“ открива кога може да го очекуваме крајот на пандемијата: „Мораме да го обезбедиме тоа, во спротивно никој не е сигурен“

Точка

06/05/2021

14:04

4.919

Големина на фонт

а а а

За да се исполнат тие цели ќе биде нужно да се зголеми произведувањето на вакцините, но и да се почне со мешање на различните вакцини против коронавирусот при вакцинација на луѓето.

Пандемијата на коронавирусот која што во целост го смени животниот тек на целиот свет во последната година и пол, колку што трае, сигурно нема да заврши оваа година.

Без оглед на тоа што моментално во поголемиот дел од светот процесот на вакцинација е започнат и трае, а некои од земјите можат да се пофалат со прилично добри резултати од запирање на заразата, сепак за крајот на пандемијата треба да почекаме.

Но, и покрај тоа, во некои делови од светот пандемијата и натаму е на врвот од своето „беснеење“.


Зборувајќи за „The Wall Street Journal“, шефот на фармацевтската компанија „Бионтек“ Угур Шахин, открил кога светот би можел да биде слободен, а луѓето слободно да се шетаат без заштитни маски, карантини и затворање, односно кога би можел животот да се врати во нормала.

„Мораме да обезбедиме висока стапка на вакцинација ширум светот. Во спротивно, никој нема да биде сигурен“, изјавил Шахин, па додал дека пандемијата би завршила дури тогаш кога целиот свет ќе постигне стапка на имунитет на стадо.

„До средината на 2022 година, дури и регионите со многу густо население, како што е Индија, би можеле да постигнат висок степен на вакцинација и имунитет на стадо. Во наредните 12 месеци ќе видиме сè поголем дел од индустриски, сиромашни и земји во развој кои што ќе успеат да ја постигнат оваа цел“, додал Шахин.


За да се остварат таквите цели нужно е да се зголеми производството на вакцините, но исто така и да почнат да се мешаат различни вакцини против Ковид-19.

„Колку повеќе вакцини имаме, толку подобро... Во теорија можеме да ги мешаме поради тоа што на крајот од денот целта ни е да постигнеме имунитет на стадо. Сакаме да има што повеќе вакцинирани луѓе“, додала Озлем Туречи, косопственичка на компанијата и главна докторка во „Бионтек“.

Таа открила дека тие се во преговори и со Кина за вакцината „Фајзер/Бионтек“ да биде достапна и таму како своевиден додаток на кинеските вакцини, особено за вакцинирањето на постарите луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг