Наставник од католичко училиште во Колумбија, Рибен Дарио Парас, бил снимен во непријатна ситуација за време на „Зум“ повик со своите ученици.
После онлајн наставата, Рубен заборавил да ја исклучи камерата, па се препуштил на размена на нежности со својата сопруга. Во еден момент ѝ ја поткренал блузата и почнал да ѝ ги бакнува градите.
16-годишните ученици во неверување набљудувале што се случува, а некои го снимиле наставникот во компромитирачката ситуација и снимката брзо станала вирална.
Наставникот подоцна им се извинил на учениците.
#Nacional Un profesor que hace parte del colegio llamado Educación Educativa San Vicente de Paul, ubicado en Palmira (Vale del Cauca), protagoniza un escandaloso video. pic.twitter.com/SxQLu6ZC9O
— Que Pasa en Cali ve! (@quepasaencalive) April 24, 2021
„Некои сцени се снимени кога мојата сопруга дојде да ме поздрави и истите станаа вирални на интернет. Секако дека тое е моја грешка, не знаев дека камерата е вклучена. Не го направив тоа намерно, беше сосема случајно. Сакам да се извинам ако некој се чувствува навредено“, рекол наставникот, а директорката Патрисиа Дуран Сеспедер покренала истрага за случајот.
„Ова е сериозна работа, наставникот за време на наставата се однесувал непримерно, а ситуацијата ја снимиле некои ученици. Подоцна видеото стана вирално на социјалните мрежи“, рекла таа.
Видеото предизвикало и лавина коментари на интернет.
„Се чувствувам тажно гледајќи го лицето на неговата сопруга. Не покажува никакви чувства. Или на професорот му е потребна пракса за бакнување гради“, пишувале корисниците, а имало и такви кои се обиделе да застанат во негова одбрана.
„Човечки е да се погреши. Заборавил на камерата, а со оглед дека е дома, може да прави што ќе посака“, гласи еден од коментарите.