Истражување: Пристигнаа најновите податоци за ефикасноста на „АстраЗенека“ и „Фајзер“, веќе по првата доза – одлични резултати

Точка

05/05/2021

20:12

7.521

Големина на фонт

а а а

Корејската агенција за контрола и превенција на болести (KDCA), објави резултати од истражувањата во кои што е наведено дека само една доза од вакцините „АстраЗенека“ и „Фајзер“ била околу 87 отсто ефикасна во превенција од заразата кај луѓето постари од 60 години.

Податоците од KDCA покажуваат дека „Фајзер“ делувала 89.7 отсто во превенција од заразата, најмалку две седмици по примањето на првата доза, додека пак ефикасноста кај вакцината „АстраЗенека“ била 86 отсто.

Истражувањето било направено на над 3,5 милиони луѓе во Јужна Кореја, постари од 60 години, вклучувајќи и 521.133 луѓе кои што ја примиле првата доза од една од наведените вакцини. Наведеното истражување траело два месеци.

Во податоците од тој период регистрирани се 1.237 случаи на зараза со коронавирусот, а само 29 од вакцинираната група граѓани.


„Покажано е дека и двете вакцини имаат висока заштита од болеста по само првата доза. Луѓето треба да се вакцинираат според распоредот затоа што стапката на заштита ќе биде поголема по примање на втората доза од вакцината“, навеле од KDCA.

Овие податоци доаѓаат како последица на настојувањето на Јужна Кореја да го охрабри процесот на вакцинација откако извештаите за потенцијалните здравствени и безбедносни проблеми ги одвраќале луѓето да се имунизираат, пренесува „Србија Данас“.

„Околу 95 отсто од луѓето кои што починаа во Јужна Кореја беа граѓани постари од 60 години. Вакцината ќе го намали ризикот за тие луѓе, а можноста од настанување на нуспојавите, како што се згрутчување на крвта е исклучително ниска и тие воглавно можат медицински да се третираат“, истакнал министерот за здравје на Јужна Кореја, Јон Тае-ху.


Инаку, Јужна Кореја досега има вакцинирано 6,7 отсто од популацијата од 52 милиони жители, но поставила амбициозна цел до септември да се направи имунизација на 70 отсто од населението, а до ноември веќе да се постигне посакуваниот колективен имунитет.

KDCA во вторникот на полноќ пријавила 676 нови случаи на коронавирус, па вкупната бројна во Јужна Кореја досега е 124.945 заразени од кои 1.847 починати, пренесува „Ројтерс“. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг