Една година по смртта на Вучиќ, се потсетуваме на емотивната исповед на неговата сопруга: „Драган нѝ се излизга помеѓу прстите“

Точка

04/05/2021

22:10

8.254

Големина на фонт

а а а

Денеска, на 4-ти мај, се навршува точно една година откако познатиот водител, музичар и шоумен, Драган Вучиќ, почина како последица од Ковид-19.

Човекот кој дефинитивно учествуваше и можеби е еден од најважните луѓе во создавањето на македонската јавна сцена, ја изгуби битката со коронавирусот на Инфективната клиника во Скопје.

Драган Вучиќ е роден во 1955-та година и беше среќно оженет. Неговата сопруга Весна е ќерка на легендарниот гајдаџија Пеце Атанасоски, додека синот Мартин е пејач и директор на Ансамблот за народни песни и ора „Танец“.

По смртта на сопругот, Весна Вучиќ не се огласи во јавноста. Таа неколкупати на својот Фејсбук профил апелираше до граѓаните да носат маски и да ги почитуваат мерките.

Весна, која исто така била позитивна на Ковид-19, но за среќа успеала да закрепне по донирана крвна плазма од анонимен пациент, минатата година ја раскажа целата приказна за „Фокус“.


„Така било пишано… Драган имаше благо покачена температура три – четири дена. Со оглед на пандемијата на Ковид 19, решивме дека треба да се тестира, да бидеме на сигурно со дијагнозата. Тестот за жал, беше позитивен. Кога температурата започна да надминува над 38,5 степени, тој беше префрлен на Инфективната клиника во Скопје. Во меѓувреме, и јас се тестирав, иако немав симптоми. И мојот тест се покажа позитивен на вирусот. Ја започнавме нашата битка со новиот и недоволно познат непријател, со вирус кој е доста сериозен и не смее да се потценува неговата моќ. Драган добиваше кислородна поддршка на клиниката, јас престојував дома, се слушавме телефонски, си разменувавме пораки. По една недела на клиника, тој ја изгуби битката, почина од компликации од вирусот. Не можам да зборувам за нашиот последен разговор, за последната СМС порака… Премногу е болно за мене, и јасно ми е дека по првичниот шок, тагата и празнината нема да стивнат. Сепак, сакам од се срце да се заблагодарам на целиот медицински тим, на таа неверојатна посветеност и грижа која што му беше пружена на мојот сопруг во тој период. Лавовски, буквално гинеа за доброто на пациентите, правеа се што е во нивна можност. Болеста излезе посилна од лекарските напори, Драган ни се излизга помеѓу прстите“ вели Весна.

Целата нејзина исповед од минатата година, само неколку дена по смртта на нејзиниот сопруг, прочитајте ја ТУКА.




Спонзорирани линкови

Маркетинг