Кој го вози кадилакот на Тито?

Точка

04/05/2021

20:11

8.445

Големина на фонт

а а а

Летната резиденција на поранешниот шеф на СФРЈ цели три децении била на Бриони во Истра. Една од атракциите на Бриони и ден денеска е темно-зелениот Кадилак кој Тито го доби како подарок од југословенските иселеници во Канада во 1953-та година.

Кабриолетот е долг 560, широк 200 сантиметри и има мотор со зафатнина од 5 илјади кубни сантиметри, сила од 260 коњски сили и осум цилиндри. Автомобилот денеска е во одлична состојба.


Поранешниот претседател на Југославија со овој Кадилак до 1979-та година на Бриони возеше бројни светски државници како египетскиот претседател Абдел Насер, идниската премиерка Индира Ганди, но и актерски ѕвезди како Софија Лорен, Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.

Во сегашниот Национален парк на Бриони, овој Кадилак може да се изнајми за возење низ островот. За еден час возење во кадилакот на поранешниот претседател на Југославија ќе треба да издвоите 1,350 евра.


Последната позната личност од светскиот џет-сет која го изнајми овој култен автомобил била Селма Хајек која снимаше филм во Хрватска пред две години.




Спонзорирани линкови

Маркетинг