Кинеска ракета тешка 21 тон без контрола паѓа на Земјата и би можела да се сруши врз населено место, предупредуваат експертите.
Станува збор за ракетата “Long March5b” која беше лансирана минатиот четврток и која според планот, некаде околу 10-ти мај би требало да се врати на Земјата.
Џонатан Мекдауел, астроном кој се занимава со следење на објектите во Земјината орбита, за “Space News” изјави дека ракетата патува на траекторија северно од Њујорк, Мадрид и Пекинг и јужно од Чиле, Велингтон и Нов Зеланд.
Според него, тоа значи дека ракетата најверојатно ќе падне некаде помеѓу овие траектории каде што има милионски градови, иако најголемиот дел од ракетата ќе изгори во атмосферата.
Сателитите ја детектираа ракетата долга 30-тина метри како се движи со брзина од 8 километри во секунда. Да потсетиме, Кина ја лансираше оваа ракета во текот на минатата седмица со цел во вселената да се достави првиот дел од идната Вселенска станица. Кога ќе биде завршена до 2023-та година, кинеската вселенска станица ќе може да прими тројца астронаути.